вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Бруталната партизација во образованието и непотизмот се внесени на голема врата“

„Бруталната партизација во образованието и непотизмот се внесени на голема врата“

Директорот на СОУ „Гошо Викентиев“  во Кочани Гоце Савев ја вработил сопругата Стојка Савева на оглас за наставник по предметот граѓанско образование во истото училиште каде што тој е директор.

Непотизмот и судирот на интереси станаа заштитен знак на власта предводена од СДСМ и Зоран Заев. Бруталната партизација во образованието и непотизмот се внесени на голема врата. Имено, во СОУ „Гошо Викентиев” во Кочани директорот Гоце Савев си ја вработува својата сопруга како наставник по граѓанско образование, обвинуваат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во продолжение: 

Дали за директорот Савев важи Забраната на влијание за вработување блиски роднини од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси?

Дали тоа се одлучило на состанокот одржан на крајот на август во училиштето со сите директори на училиштата од Кочани во присуство на претседателот на ОО СДСМ Кочани, Гоце Серафимов?

Дали за градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев ова значи еднакво општество за сите и реформа во образованието?

Дали и овојпат градоначалникот Илијев ќе премолчи исто како со вработувањето на советничката во Советот, Гордана Антова во истото училиште?

Во член 56 од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси е наведено дека има забрана за влијание за вработување на блиски роднини од страна на лицето кое раководи со јавната установа. Дотолку повеќе што во Законот за средно образование е наведено дека изборот на наставници го врши директорот на предлог на конкурсна комисија.

Веднаш бараме и ги повикуваме Државната комисија за спречување на корупција, ДПИ и ОЈО да реагираат на ова класично злоупотребување на функцијата директор.

Доколку постои сомневање за постоење на судир на интереси, Државната комисија веднаш да поведе постапка за утврдување постоење судир на интереси.

Власта на СДСМ на граѓаните им нуди лажен морал кој им го продаваат како некој висок чин на етичност.

Најнови вести