петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бугарската комисија конечно донесе одлука за францускиот предлог, утре ќе се расправа во Парламентот

Бугарската комисија конечно донесе одлука за францускиот предлог, утре ќе се расправа во Парламентот

Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент, по осум часовна расправа и 40 минутниот извештај на министерката Теодора Генчовска, одлучи да го прифати само предлогот на политичката партија „Демократска Бугарија“ за уредување на односите со Македонија. За овој предлог утре ќе се изјасни и Народното Собрание, односно, дали ќе ѝ даде мандат на владата да ја одобри преговарачката рамка за отварање на преговорите на Македонија со ЕУ.

Предлогот на Демократска Бугарија предвидува вметнување на референца во преговарачката рамка, која ќе се однесува на двостраниот протокол според Член 12 од Договорот за добрососедство, и која ќе биде услов за одлуката на Европскито совет за одржување на меѓувладината конференција. Во кратки црти, според предлагачот и лидер на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов, тоа ќе значи дека Бугарија, покрај гаранциите, ќе има и директна контрола врз целиот процес преку нејзиното учеството во ЕС.

Отфрлени беа останатие два предлози, на „Движењето за права и слободи“ и на ГЕРБ-СДС, но токму пратениците од овие две партии, заедно со пратениците од „Продолжуваме со промената“ гласаа за предлогот на Демократска Бугарија.

Во соопштение од владејачката „Продолжуваме со промената“ ја поздравија одлуката на комисијата, и оценија дека францускиот предлог на Советот на ЕУ е неверојатен успех на бугарската дипломатија и заслуга на минситерката Генчовска.

-ЕВРОПА СТАНУВА ГАРАНТ ДЕКА СЀ ШТО НЕКОГАШ СМЕ ПОСТАВИЛЕ КАКО УСЛОВ ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ИСПОЛНЕТО И ЌЕ БИДЕ НЕИЗБЕЖЕН ФАКТ ВО ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС, СООПШТИЈА ОД ПАРТИЈАТА.

Откако вчера беше одложена, и денеска оваа седница беше одбележана со тензии и меѓусебни обвинувања, особено од опозициските партии кои ја обвинија владејачката „Продолжуваме со промената“ дека го кочи и одолговлекува процесот. Од „Има таков народ“ уште еднаш направија обид да се прескокне извештајот на министерката Генчовска за преговорите со Македонија, што не беше прифатено од останатите партии.

Во текот на расправата се направи и обид, предводен од пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, да бидат обединети сите три предлози во еден, но тоа не помина. Од партијата „Има таков народ“ изразија став дека дебатата е безпредметна, затоа што Македонија веќе го одби францускиот предлог.

Најнови вести