По поставувањето на големо албанско знаме на Велигден на Самоиловата тврдина во Охрид реакции стигнаа и од соседна Бугарија.
-Непријатно е дека Самуиловата тврдина во Охрид, која е споменик на бугарската историја, култура и меморија за цар Самуил- еден од најголемите Бугари на сите времиња, станува предмет на такво вмешување.Ако овој инцидент заслужува коментар, тој мора да биде поврзан не само со нападите врз Република Северна Македонија, туку и со бугарското историско наследство. Од бугарска страна треба да има реакција “, е ставот на бугарскиот историчар Пламен Павлов
Тој ги повика организаторите на слични фестивали и учесниците, без разлика дали се од Македонија, од Косово или од која и да е друга земја, да не ја погазуваат историјата, бидејќи според Павлов, „тоа е едно морално злосторство и ја влошува климата на добрососедство во современа Европа и на Балканот“.
-Без разлика дали овие луѓе кои го ставија знамето се свесни за тоа што го прават, тоа е дамка врз традиционално пријателските односи меѓу бугарскиот и албанскиот народ. Нема сомневање дека денешниот албански национализам сонува за Голема Албанија, прекројувајќи ја границата на Балканот”, истакна Пламен Павлов.