Запаливи течности во автобусот немало, причина за несреќата дефинитивно е човечка грешка. Недвосмислено е утврдено – од доказите и вештачењата дека трагедијата на автопатот Струма е предизвикана од однесувањето на возачот, изјави истражителот Младен Петров во изјава за бугарска „bTV“ околу инцидентот во кој загинаа 45 лица од Македонија.
-Само неговото однесување е причина оваа ситуација да настане и да прерасне во несреќа која завршува со ваков резултат“, додава Петров.
Според него, проверени се сите најавени претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и на дефинитивен начин е утврдено дека немало.
„Во конкретната ситуација, насочувањето на автобусот подалеку од активната лента и ударот во заштитната ограда доведе до пробивање и уништување на конструктивни елементи, компресија на резервоарот, компресија на неговата содржина. Ова е придружено со обилно расејување на искри предизвикано од триење, кое ја достигнало потребната температура и притисок за палење на горивото, вели Петров.
Во врска со шпекулациите дека до инцидентот довело обележувањето на автопатот Струма, Петров додаде дека видливоста не била нарушена.
-Точно, хоризонталната ознака, страничната ознака, малку е избледена, но не е невидлива. Средината, централната линија што ги дели лентите е прилично светла и секако видлива, вели истражителот.
Отсега ќе се разгледува мислењето на истражниот тим.
-Треба да бидат вклучени жртвите, роднините на загинатите и преживеаните патници. Нашето мислење дека нема виновно однесување кое е причинско-последична врска за овој резултат, води до тоа дека постапката најверојатно ќе биде прекината, рече Петров.