среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бугарскиот парламент усвои резолуција за Македонија

Бугарскиот парламент усвои резолуција за Македонија
epa10220965 A woman with an umbrella walks in front of the Parliament building in Sofia, Bulgaria, 03 October 2022. GERB, Bulgaria's former Prime Minister Boyko Borissov's party is projected to win 02 October's election, as according to partial results, the centre-right party has received 25.4 percent of the votes. EPA-EFE/VASSIL DONEV

Народното собрание на Бугарија денеска без дискусија усвои декларација во која „се осудуваат антибугарските пројави во Р.С.Македонија“. Декларацијата беше поддржана од 185 пратеници, а еден беше воздржан, пренесува БТА.

До парламентот беа доставени четири нацрт-декларации, од ГЕРБ-СДС, „Продолжуваме на промените“, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“, врз основа на кои е изготвен и изгласан заеднички нацрт предложен од Комисијата за надворешна политика.

Бугарскиот парламент во усвоената декларација ги осудува „пројавите и повиците за насилство врз Бугарите во Македонија, нивните организации и клубови, а особено тешкиот престап врз Бугаринот Христијан Пендиков“ и бара да бидат преземени системски мерки од сите институции за откривањена сторителите и нивно изведување пред правдата.

Народното собрание исто така, изразува и „противење на трајното неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Р.С.Македонија од 2017 година и билатералните протоколи од состаноците на Мешовитата меѓувладина комисија од чл. 12 од 2019 и 2022 година“.

Во декларацијата се изразува и загриженост дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, како и развојот на демократските процеси и институции во Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што им служи на интересите на трети страни“.

Најнови вести