четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бујар Османи: Подготвени сме за евентуален бегалски бран

Бујар Османи: Подготвени сме за евентуален бегалски бран

Земјава е подготвена за справување со евентуален наплив на бегалци од Сирија, но во координација со ФРОНТЕКС и земјите-членки на Европската Унија, порача денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

-Ние сме во постојана координација со земјите-членки на Европската Унија и со нашите партнери ја следиме состојбата уште од моментот кога почна да се разгорува ова прашање. Нашите институции се подготвени за справување со евентуален хипотетички бегалски бран, но тоа справување е повеќе во координација со ФРОНТЕКС и со земјите-членки на ЕУ со кои споделуваме заедничка политика во однос на бегалците, рече Осамни во одговор на прашање на денешната партиска прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје. (МИА)

Најнови вести