вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Царовска бега од одговори, но не може да побегне од одговорност!“

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека министерката бега од одговори, но не може да побегне од одговорност.
„Царовска бега од одговори, но не може да побегне од одговорност!“

Јавноста секој ден гледа до кое дереџе се донесени институциите поради неодговорноста и индолентноста на функционерите на СДСМ, истакнува Јулијана Димески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерката Царовска воопшто не се потресува за скандалозните случувања во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај”, за фактот дека 6 месеци штитеник на овој дом не бил под заштита на државата, иако одговорноста за неговата грижа ја превземала. Зошто Царовска молчи и не дава одговори како е возможно штитеник на домот „25 мај“ 6 месеци да биде исчезнат? Дали Царовска и нејзиното министерство се обидуваат да ја потценат јавноста кога одговараат дека штитеникот 6 месеци бил кај својот чичко во Кавадарци, а вчера беше пронајден на скопските улици во Чаир? Зарем институциите 6 месеци не се обиделе да го побараат малолетниот штитеник кај најблиските роднини за да го вратат во Домот и да продолжат да се грижат за неговото воспитување и образование? Зарем за министерката Царовска е нормално едно малолетно дете да талка 6 месеци по улиците без да биде загрижена за тоа дали детето било злоупотребувано или злоставувано, прашува таа.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека министерката бега од одговори, но не може да побегне од одговорност.

-Во истиот тој дом за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми во време на нејзиниот мандат се случи 13 годишно девојче да биде злоставувано, да забремени, а потоа да абортира. Во истиот дом уште две малолетни девојчиња забремениле, а сега капа на се и по 6 месеци малолетни штитеници талкаат по улиците, а Царовска мува не ја лази. Уште што треба да се случи во нејзиниот ресор за таа да поднесе морална и политичка одговорност. Овој хаос мора да престане, а прв чекор е министерката Царовска да си замине од функцијата, бидејќи покажа дека е неспособна да менаџира со ваков ресор кој директно ги засега најранливите категории граѓани во Република Македонија, порача таа.

Најнови вести