четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦЕЛОСЕН ПРЕСВРТ ЗА НОВА ГОДИНА – метеоролозите веќе знаат какво време не очекува следната недела, особено следниот викенд! (ФОТО)

ЦЕЛОСЕН ПРЕСВРТ ЗА НОВА ГОДИНА – метеоролозите веќе знаат какво време не очекува следната недела, особено следниот викенд! (ФОТО)

Времето утре наутро по одделни котлини особено во западните делови ќе биде со магла или ниска облачност, преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во претпладневните часови.

Во Скопје преку денот претежно сончево, а наутро со услови за слаба магла. Претпладне со слаб до умерен северозападен ветер.

Во понеделник времето ќе биде наутро поонекаде во котлините со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во вторник времето ќе биде наутро понекаде во котлините со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер особено попладне кога и облачноста ќе се зголемува.

Во среда времето ќе биде наутро понекаде со појава на магла или ниска облачност, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Инаку според долгорочната прогноза за Нова година не чека сончево време и температура до 11 степени.

Најнови вести