петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чашуле: Бугарија бара нов Преспански договор со кој ќе се избрише придавката „македонски“

Чашуле: Бугарија бара нов Преспански договор со кој ќе се избрише придавката „македонски“

Бугарија бара целосно Македонија да се откаже од историјата се до 1944 година. Да се откажеме ние како Македонци од Св. Кирил и Методиј, од Цар Самуил, од Илинденците, од Гоце Делчев, да признеме дека нашиот македонски јазик е само дериват односно дијалект на бугарскиот јазик. Да се откажеме од идентитет и целосно да ја отфрлиме или избришеме придавката македонски, истакна вчера Коле Чашуле во својата емисија „Седмица“ на Алфа телевизија.

Чашуле додаде дека Преспанскиот договор има улога во развојот на договорот со Бугарија. Софија сака свој Преспански договор. Односно го сака членот 7 со кој се дефинира потребата на придавката „македонски“ сега во бугарски контекст.

-А, според Преспанскиот договор придавката „македонски“ како ознака за јазикот, културата, традицијата, обичаите е
лимитирана и ограничена. Со други зборови е дефинирана. Односно со тој веќе договор нас ни е начнат идентитетот и истиот деформиран. Грција уште тогаш доби од нас односно Заев се откажа од целата историја се до седми век до населувањето на Словените. А, успеа и географски да ја одвои. Се на грчката северна граница е со различен идентитет кој ете не е македонски туку е на Република Северна Македонија, дообјасни Чашуле.

Чашуле посочи според Преспанскиот договор и Бугарија бара да се откаже Македонија од се што е до 1944 година. Да се избрише терминот „македонски“ како придавка за јазик, култура, обичаи, музика и сл. Практично прогласувајќи го за бугарско. А, географски придавката да има општ регионален карактер, а се преку нивната западна граница во денешницата да биде на Република Северна Македонија. Затоа Борисов толку навивал да Заев го потпише Преспанскиот договор.

Најнови вести