Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод Меѓународниот ден на трудот во која порачува дека треба да се вредува вложениот труд и оти тешкиот удар врз економијата кој го нанесе пандемијата е причина повеќе да се работи на целосно почитување на работничките права.
– Денот на трудот, 1 Мај, годинава е под товарот на пандемијата предизвикана од ширењето на коронавирусот во глобални рамки. Но истовремено, овој ден не потсетува дека треба уште повеќе да го вреднуваме вложениот труд на сите коишто придонесуваат во нашето општество. Здравствените работници се деноноќно на своите работни места, како и припадниците на полицијата и армијата. Новинарите и медиумските работници, вработените во продажните и услужните дејности, комуналните работници секојдневно се ангажирани надвор од своите домови. За многумина, работните процеси за првпат се организирани на поинаков начин, вели Пенадровски.