сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам

Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам

Дозволете ми од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од исламската вероисповест да им го честитам големиот муслимански празник Курбан Бајрам, се вели во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Посакувам овие празнични денови да Ви донесат среќа, мир, спокојство, хармонија и здравје. Празникот Курбан Бајрам е празник кој потсетува на хуманоста и солидарноста кои се основните човечки вредности. Да се помогне и да се подаде рака на оној на којшто му е потребна е израз на човечноста. Македонија многу пати досега докажала дека луѓето од различна вера или етничка припадност многу пати досега си подале рака и се подржувале во предизвиците со кои се соочувале. Проблемите со кои се соочуваме ги делиме сите, затоа сметам дека само работа, сплотеност и заеднички труд можат да не исправат пред сите неправди и заедно да ги помине предизвици и премрежјата. Мораме напорно да работиме и да создаваме државата во која главна водилка ќе ни биде сплотеноста и толеранцијата и која ќе обезбеди иднина подеднакво за сите граѓани. Нека е честит големиот празник Курбан Бајрам! Истакнува Мицкоски.

Најнови вести