Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Павлинче Честојнова, на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања постави три прашања до министерот за земјоделство Љупчо Николовски кои се однесуваа на проблемите на земјоделците од Тиквешијата.
Имено Честојнова, го потсети Николовски дека во месец февруари ветувал целосно обештетување и исплаќање на средства на лозарите кои своето грозје го предале во винарските визби Повардарие и Стефани, посочувајќи дека и покрај тоа што ги излажал лозарите дека целосно ќе ги обештети, Николовски тоа го направил дури 5 дена пред претседателските избори.
Според неа, иако Николовски направил прекршување на законите кои што јасно нагласуваат дека за време на изборна кампања не смее да има исплаќање на средства, министерството за земјоделие исплатило средства но не на сите оштетени земјоделци.
-На 4 февруари 2019 година во Собранието изгласавме дополнување на законот за земјоделство и рурален развој во скратена постапка, што значи дека вие како влада законски се обврзавте дека лозарите кои своето грозје го имаат предадено во Винарска визба Повардарие и винарска визба Стефани ќе бидат обештетени и исплатени. Со што требаше да бидат опфатени околу 1.000 лозари од Тиквешијата и што беше многу важно овој закон стапи в сила веднаш по објавувањето во Сл. Весник а како што реков објавувањето. Од министерот за земјоделие беше јавно дадено ветување дека лозарите најпрво ќе бидат исплатени на празникот на лозарите, поточно на 14 февруари, па потоа го пролонгира на крајот на февруари, па пото на пратеничко прашање одговори дека на крајот на март ќе бидат исплатени. За на крај да видиме сите дека само 5 дена пред избори, во време кога е недозволена ваква исплата на средства, вие започнавте со исплата на овие средства. Но, и покрај тоа се ќе ви беше опростено бидејќи целта ги оправдува средствата, само доколу сите лозари си ги земаа парите и беа обештетени. Но, за жал тоа не се случи, ниту беа исплатени, ниту пак тие кои што беа исплатени не се целосно 100 процентно обештетен, вели Честојнова.
Значи ли ова дека ова сето беше само предизборно купување на гласови. Значи ли ова дека земјоделците, поточно лозарите од Тиквешијата се повторно излажани од оваа влада?
Моето прашање до вас е кога лозарите ќе бидат конечно и целосно обештетени, праша Честојнова.
Второто прашање се однесуваше на персоналниот данок од 2 процента кои што го плаќаат регистрираните земјоделци.
Второто прашање исто така се однесува за земјоделците, односно за персоналниот данок од 2 посто кои што регистрираните земјоделци не го плаќаат односно се ослободени од плаќање?
Додавајќи дека оваа година за прв пат до сега уште при исплата на грозјето овие два проценти биле задржани од страна на винарските визби со укажување дека парите ќе им бидат надокнадно исплатени. Но, како што спомена таа во општина Неготино има 500 регистрирани земјоделци кои што се загрижени и бараат информација од министерот за земјоделие кога тие пари кои се нивни и се чесно заработени ќе им бидат префрлени на нивните трансакциски сметки.
Третото прашање се однесување на каналите за наводнување, укажувајќи дека земјоделците бараат помош од министерот овој проблем да се реши на време бидејќи предствавува голема опасност за земјоделските производи.
-Третото прашање се однесува за каналите за наводнување во Тиквешијата со кои стопанисува Водостопанство Тиквеш. Водата за полевање иако со задоцнување сепак е пуштена. Но, водата се пушти низа канали полни со земја и треба. Оваа година ниту се распиша тендер ниту некој ја исчисти 220 километарската каналска мрежа. Како резултат на тоа уште сега има огромен број на дефекти а Водостопанство Тиквеш не е подготвено да се справи со овие проблеми на терен. Секојдневни се поплаките од земјоделците кои садат тутун, пипер и домат, а имајќи во предвид колку е тоа мала површина во споредба со лозовиот насад, за кој полевањето допрва ни претстои со право се реакциите и загриженоста на земјоделците.Како вие како министерство планирате да го надмините овој сериозен проблем, праша пратеничката Честојново.
За жал, на денешната седница за поставување на пратенички прашања не беше присутен министерот за земјоделие Николовски да одговори на овие прашања, со што според Честојнова тоа е само уште едно понижување и омаловажување на земјоделците.