Пратеничката Павлинче Честојнова, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет предложи амандман со кој би требало да се обезбедат средства во висина од 15 милиони 250 илјади денари за изградба на потпорен ѕид во населбата „Саат кула“ во Неготино поради лизгање на земјиштето, при што истиот не беше усвоен.
По одбивањето на амандманот, пратеничката Павлинче Честојнова образложи дека можеби општината нема доволно средства очигледно бидејќи не е ставен во програмата.
-Но овде се работи за потпорен ѕид во населбата „Саат кула“поради лизгање на земјиштето на кое што се лоцирани 10 станбени згради и уште толку индивидуални објекти за домување. Лизгањето на земјиштето кое овде се случува е аларматно и во прашање е безбедноста на над 200 фамилии. Доколку ова не се направи материјалните штети кои би се направиле во иднина би биле многу поголеми од оваа сума која сега е потребна за изградба на овој потпорен ѕид.А, за безбедноста на луѓето кои живеат таму и да не зборуваме бидејќи секако животот нема цена, појасни Честојнова.