сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Четири дена од објавување на скандалот со насилничкото однесување на Дудуш, Владата открива дали ќе бара одговорност од него

Четири дена од објавување на скандалот со насилничкото однесување на Дудуш, Владата открива дали ќе бара одговорност од него

Свиркач, до редакцијата на „Економски Лидер“ достави аудио снимка на која се слуша како градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, лишува од слобода, тепа и измачува човек во неговиот кабинет.

-Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа, се слуша на снимката, а подоцна доаѓаат и ударите.

Понатаму во аудиото, се слуша како градоначалникот Курто Дудуш го прашува киднапираниот зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува. Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на извесниот Сенат, кој е заклучен во канцеларијата на Дудуш.

Градоначалникот Курто Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ на изборите во 2016, на снимката додека го тепа Сенат, се слуша и како користи навредливи зборови како „чергар“, „п*дер“, „племето да ти го е*ам“, „мртвите да ти ги е*ам“…

Се слуша и како Дудуш, додека тепа, вели дека тој е градоначалник и тепаниот не му може ништо затоа што гласот не му се слуша во Шутка.

Цели четири дена од објавувањето на ова шокантно видео, од Владата имаше само молк.

КУРИР побара одговор од владината прес служба, дали  ќе побараат одговорност од Дудуш?

-Владата осудува секаков вид насилство. Очекуваме надлежните институции во најбрз можен рок да ги откријат деталите за настанот. Ако се потврди автентичноста и вистинитоста на обвинувањата, одговорност мора да следува согласно законите. Никој не е над законот, се наведува во одговорот кој владината прес служба го испрати до редакцијата на КУРИР.

Најнови вести