Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство, Комисијата за европски прашања, а по две седници ќе одржат и Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на седницата на Комисијата за здравство се повеќе закони во прво читање, меѓу кои Предлог закон за изменување на Законот за здравствената заштита, Предлог законот за изменување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Предлог законот за изменување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Предлог законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на здравството….
Пред членовите на Комисијата за европски прашања ќе се најдат Предлог законот за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи, и двата во прво читање.
На дневен ред на седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија се измените и дополнувањата на Законот за електронските комуникации, на Законот за водите и на Законот за заштита на природата, сите во прво читање.
Во законодавниот дом за денеска е закажано и основање на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција во Република Северна Македонија.