Одбележување на четиринаесет години од хеликоптерската несреќа кај Утре, (12.01.2022 година) ќе се одбележат четиринаесет години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот Винг.
На спомен-обележјето во Катлановско Блаце, свежо цвеќе ќе положи делегација од Министерство за одбрана и Генералштабот на Армијата составена од министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин. Свежо цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на претседателот, општината Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите припадници.
Полагањето на венци на спомен-обележјето кај Катлановско Блаце е со почеток во 13.00 часот.
Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе го одбележат настанот со полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето пред командата во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец.