недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тројца загинати во Турција во хеликоптерска несреќа за време на гаснење пожар

Тројца загинати во Турција во хеликоптерска несреќа за време на гаснење пожар

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во западна Турција за време на гаснење шумски пожар, објавија денеска турските медиуми.

Според извештајот, хеликоптерот се урнал во саботата додека екипажот се обидувал да извади вода од браната во западниот град Измир.

Еден од четворицата патници е спасен и се наоѓа на лекување во болница. Телата на жртвите биле пронајдени во браната.

Нуркачите изутрината пронашле тело на длабочина од 12 метри, се вели во извештајот. Сега се обидуваат да ги извадат телата на површина.

Во меѓувреме, акцијата за гаснење на пожарот е во тек.