понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Четворица од седумте пациенти по трагедијата во Романовце се во животна опасност- меѓу повредените бремена жена и уште едно дете!

Четворица од седумте пациенти по трагедијата во Романовце се во животна опасност- меѓу повредените бремена жена и уште едно дете!

Министерството за здравство преку соопштение до јавноста информира дека во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

-Четворица од пациентите се во исклучително тешка состојба со голем степен на изгореници и се наоѓаат во животна опасност. Од четворицата хоспитализирани, двајца мажи на 60 годишна возраст се наоѓаат на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. На одделот за Интензивна нега на клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се примени две жени на возраст од 40 и 45 години. Од тројцата пациенти во „Св. Наум Охридски-Скопје“ една од повредените е жена на 40 – тина години е во одделот за интензивна нега, а на 20 годишна пациентката која е бремена се вршат дополнителни испитувања, информираат од министерството.

Од таму додаваат дека во Старата Градска болница е примено и дете со мал процент изгореници.

Најнови вести