Четири лица загинаа, а една е повредена во експлозијата што се случи во Станица за прочистување на вода во Ејвонмаут, индустриска област во близина на Бристол.
Британскиот весник „Тајмс“ објави дека несреќата се случила кога експлодирал резервоар со хемикалии, а работниците биле во него.
Засега е непознато што ја предизвикало експлозијата.