Таканаречениот “инфлуенсер” и член на СДСМ Алекс Сиљановски предизвика реакции на социјалните мрежи откако јавно порача дека Гоце Делчев е и секогаш бил Бугарин.
“Гоце Делчев од секогаш бил и ќе остане Бугарин!”, напиша Сиљан во одговор на дебата на Твитер.
Изјавата на активистот на СДСМ доаѓа еден ден откако лидерот на партијата најави дека ќе се договори со Бугарија за Гоце Делчев а бугарскиот вицепремиер Каракачанов се закани дека ако Македонија не ја смени историјата нема да ги започне преговорите со ЕУ.
Заев вика 'Ќе се договориме со Бугарија за Делчев' а глупи комуњари мислат дека ќе ги убеди Бугарите дека е Македонец!
У очи ви кажува дека Делчев ќе биде Бугар. Да не речете после не ви кажал или тоа е у главите на небањатите!
— ТОМЧЕ КРУЗЕВ (@BumBumCiaoTokio) September 11, 2020
Гоце Делчев од секогаш бил и ќе остане Бугарин!
— Ацо (@AlexSiljan) September 11, 2020
Сиљановски пред изборите објави дека станал член на СДСМ и повика да се гласа за коалицијата со БЕСА.
Гласајте за Коалицијата “Можеме” предводена од СДСМ и БЕСА! ❤️ Алекс ❤️ pic.twitter.com/q1yXExBcSM
— Ацо (@AlexSiljan) July 4, 2020