петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во работна посета на општина Петровец

Членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во работна посета на општина Петровец

ВМРО-ДПМНЕ и овој викенд продолжува со теренските активности и посета на населени места низ Македонија.  Членови на Извршниот Комитет на партијата беа во општина Петровец, каде што ги посетија населените места Катланово,  Сушица и Горно Коњари.

На овие средби граѓаните се пожалија на се поголемата  сиромаштија која ја донесе власта на СДСМ. Викаат дека  во овие две години за СДСМ нивните места како да не постојат.

Нема никакви инфраструктурни проекти,  нема нови работни места, а власта е глува на проблемите на граѓаните и  се поголем број луѓе едвај крпат крај со крај да го поминат месецот.

-Ветувањата на СДСМ пред да дојде на власт се сосема различни од оваа лоша реалност во земјава, оставени сме сами на себе,  а селата полека ни исчезнуваат, велат граѓаните.

Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, беше истакнато дека мора да се застане на патот на пропаѓањето на државата. Граѓаните ја имаат таа можност да го казнат СДСМ на претседателските избори  и да отворат пат за предвремени парламентарни избори кои ќе доведат до промена на власта.

Најнови вести