Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска присуствувале на еден дел од состанокот на Комисијата за заразни болести на која ги изнеле своите размислувања и поставиле дополнителни прашања во врска со протоколите за избори.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во следите денови Комисијата ќе одговори на прашањата на членовите на Комисијата, а исто така рече дека тие, односно државата, би можела да одговори на потребата за заштитни мтеријали за изборите имајќи предвид дека станува збор за голема бројка.
– Во однос на заштитни материјали да, навистина имаме голема бројка така што на дел од потребите може да одговориме. Утрово на дел од состанокот, на Комисијата за заразни болести гости беа и членовите на Државната изборна комисија (ДИК). Врз основа на оној протокол што Комисијата го даде имаа допонителни прашања, дополнително нешто што не било превидено и во текот на следните денови Комисијата ќе им одговори, изјави Филипче.