Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ продолжија со теренските посети низ државата каде што со непосредни средби разговараа за реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Република Македонија.
Во Општина Босилово се остварија средби со граѓани во населените места Моноспитово, Иловица и Сарај.
На овие средби со претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, жителите посочија дека секојдневно на своја кожа ги чувствуваат погрешните политики на власта.
Тие потенцираат дека владата на СДСМ за само две години успеа да ги испусти нивните места. Ги понижи земјоделците и го погази нивниот труд. Минатата година за нив беше пропадната година, не успеаја да ги повратат ни средствата вложени за производство на своите производи, а камо ли да заработат за парче леб.
Поради тешката ситуација нивната општина се повеќе се празни, младите во потрага по подобар живот се повеќе се иселуваат, а власта нема стратегија ниту желба да ги задржи.
Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека има шанса за подобро утре, за минатата најлоша година да остане само лошо сеќавање, но за тоа потребно граѓаните заедно и масовно да излезат на претседателските избори и да ја казнат владата на СДСМ, а тоа ќе доведе до предвремени парламентарни избори за да може конечно СДСМ да замине од власта.