Назначувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје е во согласност со потребните критериуми, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев откако заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпиша одлуката за негово назначување.
-Назначувањето на Ристо Ставревски за началник на СВР Скопје е во согласност со потребните критериуми. Лицето има потребен степен на образование, работно искуство и важечки сертификат за класифицирани информации. Тоа што бил дел од нечиј кабинет не е услов или пречка за распоредување. Ја потсетуваме дополнителната заменичка дека токму нејзината секретарка била член на истиот кабинет во кој бил Ристо Ставревски, истакна Чулев.