понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од референдумот беа груб фалсификат, поднесуваме кривична пријава против над 200 лица

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од референдумот беа груб фалсификат, поднесуваме кривична пријава против над 200 лица

За заклучоците од Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одржа вечерва, информираше потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

ЦК ги разгледа и потврди заклучоците од вчерашната седница на Извршниот Комитет, а се однесуваат на трите барања на ВМРО-ДПМНЕ: Разрешување на јавниот обвинител и избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата, формирање на Анкетна комисија во Собранието која ќе ги истражи сите нерегуларности во врска со референдумот и почитување на законот за Влада и за избори со цел доколку има избори да се формира Влада по Пржински модел со мандат од 100 дена.

-ЦК вечерва донесе заклучок итно општинските комитети да формираат општински изборни штабови кои ќе функционираат до завршувањето на претседателските избори. ЦК детални ги анализираше нерегуларностите во одредени општини каде што над 50.000 гласови беа злоупотребени во текот на референдумскиот ден, односно имаше грубо полнење на кутии, како и сите притисоци кои се случија пред референдумскиот ден и сите континуирани притисоци кои се случуваат по референдумскиот ден. Скоро сите претседатели на општински комитети, информираа дека голем број на граѓани кои не излегле на референдумот или имаат сознанија дека излегле, ама гласале против, се разместени од своите работни места надвор од законот за јавна администрација и се бркани од работа од приватните компании. Повторно порачуваме до раководителите во институциите кои се нарекуваат јавна администрација да работат согласно закон, затоа што се документираме и соодветно ќе го процесуираме. До сопствениците на приватни фирми да си се грижат за сопствената работа и за остварување профит, а не за терање политика, истакна Николоски.

Партискиот потпретседател рече дека според набљудувачите, се случи грубо и насилно фалсификување на волјата на граѓаните и тоа резултираше со незапамтен грабеж до сега. Затоа, рече Николоски, Централниот комитет ја потврди одлуката дека не го признава резултатот од референдумот и истиот го рачуна за груб фалсификат.

-Од тие причини, ВМРО-ДПМНЕ, во текот на утрешниот ден, ќе поднесе кривична пријава до јавното обвинителство против повеќе од 200 лица. Станува збор за претседатели, заменици-претседатели, членови и заменици-членови на избирачки одбори на избирачките места во општините Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај, рече тој.

Кривични пријави ќе бидат поднесени и против службени лица од МВР кој, како што обвини, несовесно ја обавувале службената должност за која се овластени, пред, на денот на референдумот и по него.

-Повикуваме на обединување на македонските граѓани, кон уривање на погрешните политики на заев, Димитров, Шекеринска и останатите кои ја водат Македонија назад. Потребно е широко народно обединување, со цел заштита на Македонија и издигнување на државата, порача Николоски.

Николовски по седницата на Централниот комитет, порача дека ВМРО-ДПМНЕ не води битка за власт и за избори, туку за зачувување на името на Македонија.

Најнови вести