петок, 26. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЦО на СДСМ в понеделник ќе ја потврди одлуката за Ковачевски како мандатар

ЦО на СДСМ в понеделник ќе ја потврди одлуката за Ковачевски како мандатар

В понеделник СДСМ на седница на Централниот одбор ќе ја потврди номинацијата на новиот претседател Димитар Ковачевски за мандатар за состав на новата влада.

Веќе следниот ден претседателот Стево Пендаровски очекува допис со информацијата, за во вторник или среда да ја заврши уставната обврска и да му го додели мандатот.. Со чинот на предавање на мандатот, почнува да тече рокот од 20 дена за екипирање на новиот владин кабинет и програмата кои потоа ќе одат на гласање во Собранието. Во синоќешното “Само интервју” Пендаровски рече дека нема да бара потписи од пратениците како гаранција дека СДСМ го има мнозинството.

-Не можам мандатот да го дадам СДСМ, на кого да го дадам, на економот таму на „Бихаќка“? Јас морам да знам кому го давам. Треба да ми кажат на кој треба да го дадам мандатот. – Ќе им барате 61 потпис? – Не, ама ако се појави таква спорна работа, ако опозицијата твдри дека власта нема 64, имаме ние 61, тогаш се разбира ќе побарам потписи, видувања со еден, со друг со трет, -Стево Пендаровски – претседател (Само интервју – 23.12.2021).

Иако во политиката името на Димитар Ковачевски досега не беше експонирано, Пендаровски има големи очекувања од него. Смета дека долгогодишното членство во СДСМ и соработката со различните структури во партијата од минатото, се добра основа за обединувањето кое тој го најавува.

-Димитар Ковачевски е голема непознаница во политиката бидејќи не бил на позиција претходно. Треба да му се даде шанса, факт е дека има богато академско искуство, има години и години партиски стаж во СДСМ, таму го познаваат. Мислам дека има конекции со разноразни групации кои постојат.-Стево Пендаровски – претседател (Само интервју – 23.12.2021).

Од министрите на СДСМ кои досега беа во владиниот состав на Заев, извесно е дека ќе останат Бојан Маричиќ како нов вицепремиер за евроинтеграции, Фатмир Битиќи повторно на вицепремиерското место за економски прашања, а Оливер Спасовски министер за внатрешни работи -тој најави повлекување само од потпретседателската позиција во партијата. За министерството за транспорт и врски се споменува Петре Шилегов, а во труд и социјална политика Милан Живковиќ.

Министерството за земјоделство најверојатно ќе го преземе актуелниот заменик министер Трајан Димковски од СДСМ, а со образование и наука неофицијално ќе раководи досегашниот министер за јавна администрација од ДУИ, Јетон Шаќири.

извор: kanal5.com.mk

Најнови вести