вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Conquering Lion“: Не се криеме и не бегаме од тоа дека настап на ваков настан не ни е во прилог и е против нашата идеологија

„Conquering Lion“: Не се криеме и не бегаме од тоа дека настап на ваков настан не ни е во прилог и е против нашата идеологија

Групата „Conquering Lion“ преку ФБ статус со јавноста го сподели своето „искуство“ околу ангажирањето на настанот од страна на Владата на Република Македонија.

Во статусот кои ви го пренесуваме во целост тие велат дека тие не знаеле за каков настан станува збор и веќе потпишале.

-Добри људи! Би сакале да ви ја разјасниме целата ситуација околу денешните настани. Пред се станува збор за едно големо недоразбирање. Како што знаете еден бенд работи со повеќе booking агенти и вакви недоразбирања може да се случат доколку некоја информација биде скриена, не проследена, заглавена во спам и слично… Во нашиот случај при размената на информации во врска со настанот и концертот на Conquering Lion не информираа дека станува збор за културен настан на кој ќе настапуваат повеќе артисти низ повеќето градови во Македонија без присуство на политички странки, говори, пропаганден матерјал и слично, стои во нивниот статус.

Понатаму од групата додаваат дека како што се испоставија работите испадна дека повеќето артисти не знаеле за каков тип на настан станува збор, меѓутоа некои од нас веќе имаа потпишано договор за настап на културен настан за кој немаше подетални информации и сега нема назад. Ако може нешто позитивно да се извади од целата ситуација е дека нашата порака останува јасна и гласна и ќе биде пренесена и на овој концерт како и на сите претходни. Не се криеме и не бегаме од тоа дека настап на ваков настан не ни е во прилог и е против нашата идеологија, но се надеваме ќе разберете во која ситуација се најдовме без да сакаме и самите ние. Не смее да се исклучи идејата дека можеби настапот во центарот на Бабилон може да биде многу влијателен и да остави печат. На крајот на денот секој има право на свое мислење и затоа какви и да се вашите одлуки ќе бидат почитувани.

Една Љубов
Conquering Lion, стои во нивниот ФБ статус.

Најнови вести