вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цуцуловски: Можно е поднесување на амандмани за Законот за употреба на јазиците во однос на забелешките на претседателот

Цуцуловски: Можно е поднесување на амандмани за Законот за употреба на јазиците во однос на забелешките на претседателот

Поднесување на амандмани на закон на кој е ставено вето од страна на претседателот на државата е можно само во врска со укажувањата на претседателот, тоа го дозволува чл.38 ст.4 од Законот за Собрание, пишува професорот Љубомир Цуцуловски, откако во последно време одредени кругови блиски до власта ја оспоруваат можноста за поднесување на амандмани во овој дел од постапката.

Тој појаснувајќи го својот вчерашен статус на социјалните мрежи во кој беше дециден амандманите во овој дел од постапката на гласање на законот се можни напиша:

– МОЖНО Е ПОДНЕСУВАЊЕ АМАНДМАНИ НА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ. Мојот претходен пост се однесуваше на дебатната емисија „Топ тема“ (емитирана на Телевизија „Телма“) во која професорката д-р Гордана Силјановска и Маргарита Цаца Николовска расправаа дали е можно поднесување на амандмани на Законот за употреба на јазиците после неговото непотпишување од Председателот на Република Македонија. Мислам дека дилемата е разрешена со Законот за Собранието на Република Македонија.

Цуцуловски е дециден во однос на Законот кој е јасен во однос нна можноста за поднесување амандмани.

– Во Член 38, став (4) од овој Закон децидно пишува: „По повторното разгледување на законот, амандмани можат да се поднесуваат само во врска со укажувањето на претседателот на Републиката.“ Со овој став од член 38, поврзан со ставот (3), сметам дека секоја дилема/недоумица отпаѓа.

Најнови вести