Центарот за управување со кризи формирал тимови за спасување на двајцата планинари, Калина Велевска и Александар Миновски, но тие не биле вклучени во потрагата бидејќи чекале од грчките колеги да ги известат дали планинарите ја ја поминале граничната линија на врвот на Кајмакчалан и се наоѓаат на македонска територија, дознава „Макфакс“.
До Центарот за управување со кризи, „Макфакс“ испрати прашања, со барање на конкретни одговори за тоа во колку часот бил мобилизиран тимот на управата и колкумина биле вклучени во потрагата, дали тимот дејствувал на терен и какви мерки се преземи за пронаоѓање на сега починатите Калина и Александар, но тие не одговорија.
Од таму кусо информираат дека првата дојава за настанот ја добиле во 03:50 часот изутрина, кога во битолскиот центар за управување со кризи пристигнала информација дека на планината Кајмакчалан, од грчка страна кај Лутраки, се изгубени две лица планинари на планинарското друштво „Трансферзалец“ – Скопје.
„Веднаш е стапено во контакт со МВР, СВР Битола, Пограничната полиција, ДЗС – Битола, кои веќе биле запознати и подготвени да започнат потрага по изгубените лица“, велат од ЦУК за порталот.