петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЦУК со апел за внимателно движење низ центарот на Скопје поради опасност од пад на кровни лимови

ЦУК со апел за внимателно движење низ центарот на Скопје поради опасност од пад на кровни лимови

Центарот за управување со кризи (ЦУК) и денеска (како што тоа е во континуитет од 08 април па до сега) заради можно локално невреме во Скопско известува и апелира до граѓаните дека местото каде паѓаа лимови од кров на зграда во Општина Центар на улица „Македонија“ се уште претставува потенцијална опасна површина за движење – конкретно каде што паѓаа лимови од покривот на зградата на „Технометал Вардар“ карши Спомен куќата на мајка Тераза во самиот Центар на Град Скопје. ЦУК, во овааа прилика, за можната опасност известува и заради продолжениот викенд и најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за можно невреме на територијата на Град Скопје. Лимовите што висат на покривот од зградата претставуваат опасност по животот и здравјето на луѓето.

Инаку, ЦУК, преку својот Оперативен центар и Регионален центар за управување со кризи РЦУК Град Скопје ги има известено сите надлежни на територијата на Град Скопје и е во постојана координација со МВР за зголемување на безбедноста на улица „Македонија“, односно на местото што претставува потенцијална опасна површина каде би паднале лимови од покривот на зградата на „Технометал Вардар“ (којашто е во приватна сопственост), при локално невреме во Скопско.

Конкретно, денеска ЦУК, повторно стапи во контакт со лицето за соработка со ЦУК во Општина Центар за да се пронајдат и реализираат што е можно побрзо решенија за отстранување на опасноста и потоа поднесе барање до Министерството за внатрешни за обезбедување на местото кај улица „Македонија“ каде што би можело да паднат кровни лимови при локално невреме во Скопско, велат во апелот од ЦУК.

Најнови вести