На денешната седница на Собранието на Република Македонија, Драган Цуклев пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нагласи дека само за илустрација за овој закон пријавени се тројца пратеници од опозицијата и еден пратеник од парламентарното мнозинство, ама само за една паралела кога се носел основниот закон за јавни набавки во 2007 година согласно препораките на ЕК и на СИГМА, два месеци бил заглавен во Собрание. И јас како пратеник од 2011 година сведок сум на многу усогласувања за законот за јавни набавки согласно препораките на ЕК и на СИГМА. Кои што значеа усогласувања, усовршување и наградување на системот за јавни набавки. А, кои што измени на закон беа заглавувани тука со месеци од страна на некогашната опозиција која што е сега дел од парламентарното мнозинство.
-Затоа јас сега ќе се задржам на суштинска дебата на законот за јавни набавки кои што го добиваме една година, точно една година после укинувањето на советот за јавни набавки. Совет на јавни набавки кое што имаше улога да дава согласност за узуртација на недоволна конкурентност на постапките и при користењето на постапката за преговарање без објавување на оглас популарно наречена постапка во 4 очи односно во ситуации на итност, ситуации на дополнителни работи и слични други постапки. Меѓутоа сведоци сме дека укинувањето на советот за јавни набавки во годинава наназад на многу контроверзни постапки за јавни набавки односно под превезот на итност беа спроведувани постапки за јавни набавки без никаква согласност од бирото или од било која институција. Тоа за итност одлучуваа само договорните органи односно наместо да спроведуваат отворена постапка си тераа набавки во 4 очи под превезот на итност на која што бевме сведоци и за министерството за образование и министерството здравство, во Електрани на Македонија итн. Колку од тие постапки се склучени во 4 очи не можеме да знаеме затоа што ние се уште го немаме видено годишниот извештај за работа од бирото за јавни набавки за 2017 година. Која што бирото законски е задолжено и обврзано до мај месец да го поднесува до владата, а сега веќе сме на прагот на декември месец и тој не е поднесен до влада, а камоли да дојде до пленарна седница, посочи Цуклев.
Цуклев иронично кажа дека сигурно се доцни со извештајот бидејќи изгледа и тие од бирото за јавни набавки се засегнати со договорот со нашиот јужен сосед.