Агенцијата за капитално пензиско осигурување има за задача да ги штити интересите односно членовите на пензиските фондови на задолжителните и на доброволните. Во изминатите неколку дена Македонија ја тресе афера која што е поврзана токму со заштита на интересите на членовите на пензиските фондови и бидејќи вие како Агенција сте одговорни за својата работа пред ова Собрание, и поради тоа што во извршната власт имаме таква рашoмoнијада на изјави која што дополнително ја зголемува неизвесноста кај граѓаните односно осигурениците на државниот пензиски фонд, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Цуклев на денешната собраниска седница.
Тој побара од агенцијата и владата да одговори пред граѓаните што точно се случува, потенцирајќи дека јавноста очекува одговор бидејќи еден министер во владата на СДСМ изјавува дека овој скандал се шпекулации , а другиот министер изјавува дека ова е тежок криминал.
Во таква рашумунијада која што генерира неизвесност и паника кај даночните обврзници должни сте кога сте веќе тука да дадете одговор пред јавноста што точно се случува, истакна Цуклев.