На денешната собраниска седница имаше обраќање пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Драган Цуклев.
Тој истакна дека носење на закони по скратена постапка како законот за данок за добивка само ќе придонесе за несигурност во бизнис заедницата и не влијае добро врз економијата. Инаку, Цуклев потенцираше дека падот на листата на Форбс е најдобар показател дека Владата не ја носи државата во добар правец.
„Не случајно денес излезе извештајот на магазинот „Форбс“, паднати сме од 63 на 68 место според условите за бизнис , тоа е најдобра потврда кај не носи оваа Влада кога се работи за условите за бизнис “- истакна Цуклев.
Тој исто така кажа дека оваа Влада е позната по носење на закони по скратена постапка но уште потрагично е дека Владата прави даночни реформи пред почеток на фискална година.
„ Кога е во прашање оваа Влада и ова мнозинство е тоа да се прават даночни реформи на минута до дванаесет пред почеток на фискална година. Ако пред извесен период го имавме законот за личен доход по скратена постапка денеска го имаме законот за данок на добивка исто така по скратена постапка.“ – кажа Цуклев
Цуклев истакна дека една од најголемите примедби на реалниот сектор е честото менување на законската регулатива и менување на законската регулатива преку ноќ . Цуклев кажа дека во услови кога компаниите ги прават своите планирања на среднорочна основа менувањето на даночната регулатива на неколку дена пред почетокот на новата фискална година носи даночна несигурност.