На денешната собраниска седница, обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Цуклев.
Тој кажа дека бара точката предложена по скратена постапка од група пратеници- Закон за изменување и дополнување на закон за концесии и јавно приватно партнерство да се тргне од дневен ред.
Цуклев праша што се крие зад намерата да се овозможи на иницијатива на приватниот партнер да се менува основниот договор за концесии и приватно партнерство.
-Дали е ова простор за отворање на голема врата на случување на анекси на договори за приватно партнерство со што се создава простор за правна несигурност, праша Цуклев.
Тој потенцираше дека ова ќе предизвика, како правна несигурност, така и рушење на јавниот интерес.