петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цветковска: На кого ли сè уште му робуваме?

Цветковска: На кого ли сè уште му робуваме?

„Роди се човек – роб биди

роди се човек – скот умри,

скотски цел живот работи

за други, туѓи имоти.

За туѓи бели дворови

копај си црни гробови!“

(„Денови“ – Кочо Рацин)

Со овие стихови м-р Соња Цветковска ја започнува својата колумна.

Истата ви ја пренесуваме во продолжение:

На кого ли само мислиме кога се идентификуваме? Постои ли низа на генетскиот код, во сржта на секој поединец или народ?

Да, секако постои, и ни дава за ПРАВО да го чувствуваме и го пренесуваме истото на идните поколенија, да се поистоветуваме и овековечуваме со нашиот народ и да му се радуваме на мајчиниот – македонскиот јазик. Ајде да се образуваме, да го следиме трендот на духовните вредности, а не да збунуваме. За историската вистина ли? Нè потсетија од соседството на некоја дамнешна ,,историска вистина” која не стивнала туку само тлеела, а сега најде плодна почва повторно да избувне толку силно, оти НЕКОЈ што глуми одважен ПРЕМИЕР им дал за право, продолжително по Договорот и онака не сакајќи да си дојдат до ,,своето”. Значи на Истокот ништо ново!

И кој ли сè уште се ГОРДЕЕ со ОДВАЖНИОТ? И сега главните актери за разнебитување до НЕГО, наводно реагираат. Што ли сега подготвуваат? Со кое право и овластување, решаваат за клучните национални прашања? Ваква пракса не Е вообичаена во историјата воопшто, вршење своевиден геноцид врз сопствениот народ и негово омаловажување пред целиот цивилизиран свет. Со неверување и чудо гледаат и од соседството и пошироко, мас-медиумите нашироко известуваат за погубничката политика на ИЗРОДНИКОТ. По сиот пустош што му го направија на својот народ, по сите предавства и отстапки, посегнаа и разградуваа по најсветото, вековното, традиционалното, културното и пред сè, со историското минато.

Да потсетиме, по рушење на БАСТИЛЈА и првата Декларација за човекови права, од далечната 1789 година, почива Европа и се повикува на НЕА. Но, СДС изградија нова Бастилја, за сопствениот народ.  И згора на тоа не застануваат, продолжуваат секојдневно да преместуваат, разместуваат, подобни, неподобни, невидена пракса уште од минатиот век, методи од друг систем и време. Престанете, не ви соодејствуваат со НЕЛИ толку прокламирани европски вредности, и НИЕ сме за нив, но оние вистинските, бидејќи историски покажавме, доследност и принципиелност во носење на државнички одлуки, а тоа за СРЕЌА во овој период симпатично одекнува кај МАКЕДОНЕЦОТ. И истиот, Почитувани не попуштал, и опстојувал со векови, но трогателно е денес, сега во нашето опкружување и општење, секојдневно да се сретнуваме со ДЕРОГИРАЊЕ и понижување пред европската и светската јавност.

Дали знаете воопшто во каква состојба го ставате народот? Впрочем вие како егзекутори на сопствениот народ, во незавидна состојба го ставате едукаторот на нашите деца, учителите, наставниците и професорите, кои секојдневно се соочуваат со непријатности кои вие му ги сторивте на воспитно-образовниот процес и се прашуваме по каков терк и методи ќе ги изготвувате допрва содржините од македонската национална историја и сите останати предмети засегнати со содржината од националното ткиво. За каква интерпетација на ИСТОРИЈА нè подготвувате, онаа на ПРЕДАВНИКОТ?

Не, нашата историја е вдаховена и вткаена во секој еден од нас, со векови наназад и за тоа несомнено и едноставно не се дебатира. Македонското прашање е одамна затворено, со конституирање на македонската држава со сите свои атрибути и елементи. Зошто ЗЗ и СДС упорно го „отвораат“?

Концепцијата во која се градеше македонската државотворност претставува последоветелност и издржаност, како во историските, така и во формално-правните услови. И во таа смисла се провлекува прашањето: Во што се изразува и врз кои историски и правнотеоретски презумции се пристапува во изградувањето на македонската државност? Па оттаму и апсурдноста за преговарање и договарање за основното, јазикот, идентитетот и историјата. Македонското прашање одамна се затвора како европско или балканско прашање, но со деструктивната и разорувачката  политика на ИЗРОДНИКОТ, повторно се актуелизира и за жал, ДЕРОГИРА. Но тоа е одлика на ХУНТА, веќе прифатен синоним за владеење на СДС.

И како некогаш и сега, честопати се слуша и одекнува: До кога? Што понатаму? Граѓанин во сопствена држава, невидено, непознато, нечуено…, Свој на своето… Дали? Се чувствува страв, неизвесност, општа скапотија, сиромашија, згора на сè пандемија со која не знаат да се справат. Ја злоупотребуваат состојбата за економски пустош и грабеш, поткуп, масакр на државата по сите основи. Не залудно познатите максими велат „Ако сакате некоја земја да пропадне, помолете се во неа да има многу водачи“ или „Никогаш не ја потценувај моќта на човековата ГЛУПОСТ“! Па затоа, Македонија е пред ОДЛУКА, оваа политичка гарнитура мора да си замине, со немање на кредибилитет и визија не се прави политичка архитектура, не се трасира и зајакнува националното ТКИВО, не се заздравува и достоинствено чекори кон евроинтеграциите. Срам сте веќе за македонскиот народ, ги испишавте најцрните предавнички страници од нејзиното постоење.

Градите „ЛИК“ на РАЗБОЈНИЦИ, каков пример сте за младите, до каде е „масовната култура“? Заев да престане да тргува со македонските национални интереси, трговијата му ја препуштаме на фирмата, на како што самиот милува да каже, на Заеви. Нека ги тргне канџите од Македонија, но во догледно време ќе биде суден и осуден за неа…

Тоа е сè поизвесно! Веќе сме навикнати последниве 3-4 години  сите општествени збиднувања да се сомнителни, целата политичка гарнитура да е со немање кредибилитет и и истата продолжува со пракса да поставува несоодветни партиски кадри на високи државни функции, без соодветна стручност и компететност, па дури и со сомнителни дипломи, стекнати за нив познат начин. Одговорност мора да има! Нема да има амнезија! Злоделата мора да престанат! Таа порака се чувствува и очекува од народот… Доста збунувате… Одете си… „На кого ли сè уште му робуваме“???

Најнови вести