четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Д-р Зафировски: Вакцинацијата не смее да запре, да се воведе систем на тестирање на граница

Д-р Зафировски: Вакцинацијата не смее да запре, да се воведе систем на тестирање на граница

Владата не смее да ја игнорира опасноста која ни се заканува како последица од делта сојот на КОВИД 19. Според она што до сега им е достапно на експертите како информација, може да се утврди дека оваа мутација на вирусот е далеку повирулентна, по брзо се шири, ја зафаќа младата популација и можноста за компликации се поголеми, но од друга страна власта нема план на повидок како да го заштити населението, вели доктор Оливер Зафировски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Земјите во регионот и светот имаат строги контроли при влез на нивната територија, само во Македонија нема никаква контрола.

Малото присуство на КОВИД 19 во Македонија и големината на државата даваат одлична можност да се превенира огромен бран на есен. Се што треба да направи Филипче е да воведе систем на задолжително тестирање на граничните премини и на аеродромите, како ќе се превенира КОВИД позитивни да влезат на територија на Македонија слободно.

Во таа насока Филипче мора да го направи тестирањето во рамки на државата подостапно.

Крајно и најбитно е да се продолжи со вакцинација, но и со поголем опфат на населението. Вакцинацијата мора да биде масовна и да се искористи летниот период за создавање на што поголем колективен имунитет кај населението, што би довеле до тоа спремни да го дочекаме новиот бран на делта сојот на есен.

Потребно е власта да каже и како планира да обезбеди нови вакцини, но и до каде се најавените купени 800.000 Фајзерови вакцини и 200.000 вакцини Спутник, кои како што известуваа ги нарачале, а еве веќе 4 месеци ни трага ни глас од нив.

Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе! Време е за подобра иднина.

Најнови вести