понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ДА ПОМОГНЕМЕ ДА СЕ ПРОНАЈДЕ МАРТИН: Отворена сметка за донации за потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

ДА ПОМОГНЕМЕ ДА СЕ ПРОНАЈДЕ МАРТИН: Отворена сметка за донации за потрагата по исчезнатиот Македонец на Халкидики

Три момчиња исчезнаа пред неколку дена во Халкидики, но за среќа две од нив беа пронајдени и спасени, додека по третото сè уште се трага.

Иван беше второто лице кое беше пронајдено од страна на крајбрежната служба, а тој реши да отвори донаторска сметка за собирање средства за потрагата по третиот македонски граѓанин.

Во потрагата во претходните денови беа вклучени неколку пловила, хеликоптер, но и подводен дрон.

Ова е неговиот апел за помош:

Јас, Иван второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив  наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата.

Ве молам споделувајте

За донации од Македонија :

200003989311717

Стопанска Банка АД Скопје

Цел на дознака: Донација за Мартин

Шифра на плаќање : 562

За донации од странство :

IBAN : MK07200003989312202

SWIFT CODE : STOBMK2X

Stopanska Banka AD Skopje

Најнови вести