Дечки се слушнав пред малку со мајка му на Мартин. Државата дефинитивно ја прекинува и напушта потрагата по Мартин. Брат му на Мартин преговара со групата спасувачи од OFKATH за евентуално тие да продолжат да трагаат уште некој ден (ако се согласат) и доброволците кои се отидени од тука, стои во објава на Фејсбук групата „Сите за Мартин“.
Во самата објава стои дека бројката на луѓе кои се на терен значително се намалува.
– Заради тоа, потребни се луѓе со дронови кои знаат да ракуваат со истите и кои се во можност одат доброволно на Халкидики, бидејќи оние кои се таму проценуваат дека прегледноста е најдобра од воздух и само така може да биде покриена поголема површина од огромната област која се пребарува. Доколку има некој таков во групава или доколку познавате некој кој има дрон и кој би се нафатил на ваков хуман потег, семејството моли да се пријави, се додава.