четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Дали Цароска избрка професионалци од градинки за да вработи партиски војници?

Дали Цароска избрка професионалци од градинки за да вработи партиски војници?

Денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Цароска, изјави дека министерството последниот месец обезбедило 126 нови вработувања во градинките низ Македонија, од кои поголемиот дел се на неопределено време.

МТСП преку Министерството за финансии, обезбедило средства општините да вработат вкупно 1.025 воспитувачки, негувателки и друг персонал во детската заштита, со цел зголемување на бројот на кадар што се грижи за децата.

За волја на вистината, треба да потсетиме дека истата министерка при стапување на функција избрка професионален кадар од градинките. Како причина, избрканите наведуваа дека е тоа бидејќи немаат членска книшка од СДСМ.

Најпрво се избрка 8 вработени од градинката „Димче Мирчев“ без притоа да им биде дадена никаква најава, без основи, без размислување на последиците, како од морален така и од законски аспект.

Две воспитувачки од градинката „Снежана“ во Чаир останаа без работа. Ова не беше прв случај на отпуштања од работа на воспитувачки и покрај тоа што им било ветувано дека нивниот работен статус ќе биде регулиран.

Уште еден пример кој ја потресе македонската јавност беше што жена која беше вработена со договор на дело, во градинката „Весели цветови“ кај објектот „Мимоза“ во Кисела Вода, по истекот на договорот не доби продолжување. Денот кога жената го доби решението дека нема да и се продолжи договорот, која воедно беше и вдовица, доживеа мозочен удар од кој и почина, а зад себе остави и две мали деца на пет и две годишна возраст.

Најнови вести