Во новинарските кругови наголемо се зборува дека и покрај забраната за државно финансирање на медиумите власта наоѓа начини да ги финансира оние медиуми кои што се наклонети спрема владата.
Имено и покрај сопствената забрана која што власта ја донесе, пари во провладините медиуми и блиски до власта како што се зборува ќе легнат преку Фондот за инофации со кој што директорува потпретседателот на СДСМ Коста Петров, каде што и речиси и да нема транспарентност во трошењето на милионските суми кои што фондот ги има на располагање.
Инаку токму Фондот за иновации беше поврзан со голем број на афери каде што фирми и луѓе блиски до власта и СДСМ добија неповратни илијадници евра.
Тогаш во јавноста се крена бура од реакции откако функционери блиски до власта и СДСМ добија огромна сум на пари од Фондот за иновации и технолошки развој.
Снаа на советничката на Заев добила 330 илјади евра од владата
Фирмата Декодикс од Скопје од Фондот за иновации и технолошки развој на контраверзниот тендер добила грант во износ од околу 20 милиони денари или околу 330.000 евра. Меѓу сопствениците на фирмата е снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез жена на Горан Кан Керкез.
Сопругата на синот на Цветанка Ласкова, советничка за култура во кабинетот на премиерот Заев добила од Владата 330,000 евра за проект за информатичка технологија со наслов „Декодирај – Ме“.
Доделувањето на оваа фантастична сума пари од владиниот Фонд за иновации беше скандал сам по себе, затоа што советничката на Заев е дел од владата која што ги доделува парите.
Фирмата на пратеникот од СДСМ Хари Локвенец тогаш добила 162.000 евра од државата
Грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации доби печатницата „Гинис“ од Прилеп каде ко-сопственик е Хари Локвенец, пратеник на СДСМ. Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб.
Она што е интересно и за кое што се говори во новинарските кругови е тоа што дека претставници на компании од медиумскиот сектор биле викани на разговори во просториите на ФИ, каде што им била ветувано финансиска помош, а со цел да се величат и промовираат политиките на владата.
Според неофицијалните информации на Курир, станува збор за сума од 1-1.5 милиони евра, пари кои што треба да завршат кај провладините медиуми непосредно пред локалните избори кои што треба да се одржат на есен оваа година.
Сопоред ваквите неофицијални информации, власта покрај таканаречениот нов пакет на Социјална помош спрема и поткуп на медиумите и тоа во период кога што ќе треба да се одржат локалните избори во Македонија.