СДСМ и Движењето БЕСА го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори закажани за 12-ти април. Ќе настапат заедно, а како што информираа, веќе ги усогласиле ставовите околу програмата.
Што прифатил Зоран Заев од Билал Касами само за да влезе во коалиција и да им се додворува на албанските гласачи?
Потсетуваме на изјава дадена од Касами во 2017-та година.
Касами има забелешки за македонското знаме и за химната на Македонија. Не ги прифаќа затоа што не биле рефлексија на албанскиот идентитет.
-Не можам јас да се чувствувам комотно кога ќе се интонира македонската химна која во ниту еден момент не рефлектира на мојот идентитет како Албанец, туку целосно е рефлексија на македонскиот идентитет, кога зборам како етничка заедница. Знамето на Македонија ги рефлектира само желбите и барањата на Македонците како етничка група. Кога тоа би го рефлектирал и мојот идентитет, би се чувствувал покомотно, истакна тогаш Касами.
Биљал Касами истакнува што носи коалицијата СДСМ и БЕСА:
Зоран Заев вели “МОЖЕМЕ” pic.twitter.com/Na5IMkcZEe
— Reagan (@US_Reagan) March 10, 2020
На новинарското прашање за каква мултиетничка земја се залага БЕСА кога во канцеларијата на Касами се истакнати знамињата на Албанија, на САД, на ЕУ, но не и македонското и дали тоа значи дека не го признава македонското знаме, Касами вели:
-Македонија го смени државното знаме, а во тој момент не се донесе решение прифатливо за сите граѓани. Кога би се усвоило ново знаме, согласно интересите на Албанците и другите граѓани, јас сум сигурен дека тоа знаме би било прифатливо за сите граѓани. Ние во овој правец, бараме редефинирање на државата. Желбата за создавање на државата мора да рефлектира со барањата на сите етнички заедници во Република Македонија и затоа ние сакаме да се отворат прашање за идентитетот на државата, истакна тогаш Касами.
Ако Заев денес тврди дека со БЕСА се усогласени, оправдано се поставува прашањето: „Дали СДСМ го прифати постулатот на Касами за промена на химната и знамето на Македонија“?
Тој и во 2016-та година играше на албанска карта, ветувајќи многу на Албанците во Македонија, а неисполнувајќи ништо. На овие избори прави уште еден обид да ги изманипулира најавувајќи дека веќе СДСМ не е македонска партија, па влегува во коалиција со албански радикали.
-За прв пат ќе смогнеме сили да направиме предизборна коалиција со албански партии. Ние веќе не сме македонска политичка партија – ние сме мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, но таков ни е и етничкиот состав на државата. Сето тоа ни дава зџа право да бидеме фаворити на овие избори, изјави Заев во Виница.
Досега се покажа дека во битка за гласови, Заев попушта и дозволува да се гази по државата. Што прифатил сега, допрва ќе дознае македонската јавност.