понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данев: Апелираме до пратениците на СДСМ да ги земат во предвид стручните укажувања од кабинетот на Иванов

Данев: Апелираме до пратениците на СДСМ да ги земат во предвид стручните укажувања од кабинетот на Иванов

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев во гостувањето во вестите на Канал 5 Телевизија истакнува дека претседателот Иванов го вратил законот во Собранието и едноставно ставил вето на истиот.

-Мојот личен став и ставот на ВМРО – ДПМНЕ, навистина и многу искрен е нашиот став, дека законот е неуставен, дека излегува од уставните рамки на Република Македонија и апелираме до пратениците на парламентарноо мнозинство, особено до пратениците од СДСМ да ги земат во предвид овие укажуваања, правни укажувања, стручни укажувања од кабинетот на претседателот и во периодот што следи да се однесуваат во насока на истите истакна Данев.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието, тој одговори дека ставот за ова е многу јасен од партијата.  Враќањето во Собранието зависи само од власта односно од креираење на демократски нормален амбиент за дејствување на опозицијата во целокупниот политички систем.

Данев истакна дека демократски амбиент нема во Македонија. Доказ за тоа, вели, се притворени уметници, актери, оперски пејачи, луѓе домаќини и тоа доведува да нема апсолутно демократски елемент.

Тој го искажа својот став во однос на изјавата на македонскиот преговарач за името, Васко Наумовски за предлозите кои излегоа во грчките медиуми.

-Наумовски е долгогодишен преговарач за името. Долгогодишен политичар вклучен е во сите процеси во однос на преговорите со соседна Грција. Јас мислам и убеден суим дека господинот Наумовски знае што зборува кога ја дава оваа изјава. Но од друга страна добар според мое лично убедување е ставот  ако е таков на Владата на Република Македонија да остане Васко Наумовски за преговарач на Македонија во однос на спорот со Грција, рече Данев.

Данев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е надвор од преговарачкиот процес за жал. Тој потенцираше дека партијата ќе се произнесе со став само тогаш кога ќе ги добие деталите за предлогот.

Најнови вести