Од денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со нов координатор, тоа е колегата Никола Мицевски. Јас од мое лично име сакам да им се заблагодарам на сите колеги и на вас медиумите за соработката што ја имавме оваа не цела година. Мислам дека ќе останеме во коректни релации и понатака. Ова го истакна денес досегашниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Драган Данев.
-Оваа моја лична одлука во разговор и на така консултации со раководството на партијата и со претседателот, овој процес беше од малце по одамна, одлучивме да се оди со една пратеничка група исто така во координација со останатите пратеници од пратеничката група и мислам дека еден ваков момент е добар за да се оди со нов координатор кој што ќе биде дополнителна вредност во работата на пратеничката група, рече тој.
Данев смета дека во наредниот период како пратеник ќе даде поголем придонес отколку како координатор.
-Поминавме сите како пратеници и како пратеничка група во целост еден тежок период, тешка година, но убеден сум дека тоа е веќе позади нас и дека како пратеничка група и како пратеници ќе настојуваме, а тоа ние е обврска и пред граѓаните на Република Македонија да ги обезличиме погубните политики кои што СДСМ ги води како владејачка гарнитура во изминатиов период. Тоа го должиме на граѓаните на Република Македонија, посочи тој.