На денешната седница на Комисијата за финансирање на буџетот свое обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев.
Имено, Данев истакна дека средствата одвоени во буџетот не се ни приближно доволни за намалување на загадувањето кое е алармантно.
„Оваа Влада мора да преземе директни мерки со кои ќе се намали загадувањето во град Скопје и во другите градови.“, потенцираше Данев.
Заменик министерката Ширет Елези истакна дека во буџетот и од ресорното министерството за економија имало повик за субвенционирање за купување на печки на пелети и исто така и во 2019 година предвидени се низа мерки во ресорното министерство и во општините кои имаат обезбедено средства за субвенционирање на печки на пелети.
Данев истакна дека средствата одвоени за спречување на загаденоста не се ни приближно доволни за борба со овој проблем.
Средствата што ги имате одделено за 2019 година ќе мора да ги зголемите и ќе мора подиректно да влезете во костец на решавање на овој проблем, кажа Данев.
Тој исто така истакна дека на оваа Влада и беше во топ приоритети решавање на проблемот со загадувањето и дека ќе мора да го испорача ветувањето кое го даде пред граѓаните.