среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Данскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Данскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод денеска ќе претстојува во официјална посета на земјава.

Македонија е првата земја од регионот што Кофод ќе ја посети, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Негов домаќин ќе биде министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На агендата на разговорите, како што соопшти МНР, ќе се најде европското досие на Северна Македонија и на целиот регион на Западниот Балкан, а ќе стане збор и за актуелните теми во меѓународните односи и безбедноста, пред се состојбите во Авганистан и ангажманите на државите за помагање и згрижување на цивилното население. Двајцата соговорници ќе разговараат и за билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката на економски и трговски план.

Најнови вести