Дарко Митревски е Македонец кој во моментот живее во Соединетите Американски Држави. Тој преку видео обраќање порача дека е против промена на името во Република Северна Македонија, оградувајќи се од некакви си националистички ставови.
Митревски во видеото прави споредба меѓу американските и македонските идеали.
-Кон тие исти идеали, наводно, се стреми и Македонија, но на еден чуден начин. Со порази, наместо со победи. Одамна ние си го сменивме знамето, сега планираме да си го сменима и Уставот и името. Се ни е лесно да смениме, само самите себеси никако да се смениме. Се плашам дека еден ден кога нас повеќе ќе не нема, нашите правнуци кога ќе посакаат да стават рака на срце нема да не споменуваат со заклетва, туку со клетва и дека нашето време нема да заслужува ниту еден единствен стих, потенцираше Митревски.