Четири деца за една недела завршија во болница поради дијабет, кој претходно воопшто не бил констатиран. Вчера во Клиниката за детски болести во Скопје било хоспитализирано девет годишно дете. Истото во Скопје било испратено од Општата болница во Охрид.
На овој случај претходеа уште три. На 17 јули бил примен првиот пациент. Имено станува збор за дете на три годишна возраст од Свети Николе, каде по направените анализи матичниот педијатар увидел дека станува збор за појава на дијабетес.
Второто дете кое било примено на Клиниката за детски болести на 19 јули било на девет годишна возраст од Гевгелија. Првите симптоми биле дехидрација, и по влошување на состојбата било упатено на Детската клиника во Скопје.
Од Клиника информираат дека било примено и трето дете од Охрид кое било на четиринаесет годишна возраст. По влошената состоја од Охрид е упатено на КАРИЛ, а веќе следниот ден се освестило.
За оваа ситуација од Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавија дека е во тек вонреден инспекциски надзор кај матичните лекари, а пак заменик министерот за здравство Асим Муса пак вината ја префрли врз родителите.
Освен овие реакции овојпат никој не реагира од оние кои исто така се грижат за здравјето на граѓаните, односно невладините организации.
Тие во 2015 беа многу гласни, организираа протести за случајот Тамара. Во тој период актуелниот министер за здравство, Никола Тодоров беше прогласен за министер за смрт, се бараше негова оставка.
За истиот случај тогашните директори на ФЗОМ Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази си поднесоа оставка.
За случајот со малата Тамара беше отворен и предмет, се водеше и истрага од обвинителството. Во 2017 година дедото на Тамара имаше обид за атентант на министерот Тодоров, по што следеше и пресуда со затворска казна.