четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Дел од политичарите открија кај кого се паднала паричката

Дел од политичарите открија кај кого се паднала паричката

Градоначалниците на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и Општина Бутел, Дарко Костовски објавија каде се паднала паричката во нивните домови.

„Среќата и бериќетот во нашиот дом оваа година е во помалиот син Матео“, напиша Стефковски.

По целосно фер спроведена постапка, слава на Господ во поголема конкуренција, оваа година паричката се падна кај Тодор, напиша Костовски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека кај син му Јован се паднала паричката.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со семејството и откри дека годинава паричката се паднала во куќа и Бога.

Се смета дека оној кај кого ќе се падне паричката на Бадник ќе има среќа целата година.

Најнови вести