Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во состав претседател на Унијата на млади сили – Сергеј Попов, претседател на Градски комитет – Владимир Нелоски и Весна Јаневска – претседателка на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, денеска положија свежо цвеќе на споменикот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во комплексот на УКИМ.
– Македонските и сесловенски браќа Свети Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература, се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Нивните неприкосновени дела должни сме да ги почитуваме и да ги чествуваме, како и да го уважуваме вечното слово кое го имаат создадено, азбуката и јазикот на кој говорат и творат милиони луѓе ширум светот. Вечно нека е нивното дело и спомен! Слава им, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.