вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски оствари посета и средба на МАСИТ

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски оствари посета и средба на МАСИТ

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Христијан Мицкоски денес оствари посета и средба на МАСИТ (Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии).

На средбата претседателот Христијан Мицкоски ги презентираше своите погледи и ставови во поглед на актуелната економска ситуација, како и влошените услови за организирање и водење на бизнис.

Најпрво посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има отворен однос кон стопанствениците и се залага за нивна поддршка во насока на олеснување на условите и подобрување на водењето на бизнис. Посочи дека Македонија располага со огромен потенцијал кој седи неискористен, поради немањето на вистинска волја на државата за напредок во оваа област, информираат од партијата.

Тој изрази загриженост поради надолниот тренд во економијата, големите бирократски процедури, и отежнатите услови за водење бизнис.

Мицкоски посочи дека потребна е поголема отвореност на владата и разбирање на потребите на бизнис заедницата. Зголемувањето на даноците директно ќе се одразат негативно на македонските компании, како и воведувањето на данокот на реинвестирана добивка кој ќе ги дестимулира стопанствениците.

Од страна на раководството на МАСИТ беше преставена работата на комората и се изрази подготвеност за соработка со сите субјекти кои може да придонесат во сферата на делување на самата комора.

Најнови вести